24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Во Ел Салвадор пронајдена масовна гробница со 11 тела

Најчитани вести

Во Ел Салвадор е откриена масовна гробница во која имало вкупно 11 тела, вчера соопшти државниот обвинител, јави ДПА.

Телата биле пронајдени источно од главниот град Сан Салвадор, каде се смета дека биле жртви на бандата МС-13, а биле исчезнати во 2017 и 2018 година.

Вкупно 128 членови биле притворени.

Продолжува потрагата по исчезнатите лица во областа околу Илопанго, на само неколку километри источно од главниот град.

Агенција пренесува дека елсалвадорските истражни тимови, исто така, очекуваат да ги откријат остатоците од четворицата полицајци кои исчезнаа во 2016 година, објави весникот “Ла Пренса Графика”.

Јавниот обвинител Раул Мелара пред новинарите кажа дека новата администрација на претседателот Најиб Букеле за свој приоритет ја истакна потрагата по исчезнатите лица.

Минатата година во оваа земја повеќе од 3.000 луѓе беа пријавени за исчезнати.

Букеле, кој власта ја презеде на 1 јуни, вети дека во следните четири години ќе ги уништи насилните младински банди. Според официјални проценки, 70.000 луѓе припаѓаат на таквите банди.

Ел Салвадор има една од највисоките стапки на убиства во светот. Минатата година имаше 51 убиство на 100.000 жители – но тоа беше само половина од убиствата што беа регистрирани пред три години.

Централна Америка генерално се смета за еден од најнасилните региони во светот. Секоја година стотици илјади луѓе бегаат од насилствата и сиромаштијата, обидувајќи се да влезат во САД преку Мексико.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести