21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Во Египет инвазија на скорпии по невреме

Најчитани вести

По силното невреме што го зафати египетскиот град Асуан, се појавија голем број скорпии кои убиле три лица, а стотина имаат здравствени проблеми по убодот.

Официјален претставник на египетското Министерство за здравство потврди дека повеќе од 450 лица се јавиле на лекар поради за убод од скорпија, пренесува Би-Би-Си.

Невремето проследено со град, обилни дождови и грмотевици во крајбрежниот појас на Нил беше многу силно, а по ваквото време, водата донесе голем број скорпии, понекогаш и змии, на улиците на Асуан и околните градови и села.

Властите обезбедија дополнителни дози противотров за локалните рурални клиники, а дополнителен број лекари се распоредени во селата покрај брегот на Нил.

Убодите од скорпија ретко се опасни по живот, но децата и постарите лица се изложени на најголем ризик да развијат сериозни компликации, според американската здравствена институција Клиника Мајо.

Од вкупно околу 1.500 видови скорпии, 30 можат да убијат луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com