8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Во Европа 15 проценти од сиромашните луѓе не можат да си дозволат загревање на домовите

Најчитани вести

Во ЕУ скоро три милиони луѓе не можат да ги загреат домовите.

Дел од европските граѓани не можат да си дозволат да ги загреат домовите поради ниските плати, покажуваат податоците на Евростат. На почетокот на есента и во пресрет на зимата, 15 проценти од сиромашните луѓе во Европа, кои се вработени нема да можат да вклучат греење. Овој процент е еднаков на 2.713.578 луѓе низ Европа, предупредува Европска конфедерација на синдикати (ЕКС). Ситуацијата е влошена во десетина земји-членки на ЕУ во изминатата деценија. Најлошо е на Кипар – 45,6 проценти, потоа Бугарија – 42,8 проценти, Литванија – 34,5 проценти. Најголем раст на сиромашни работници, 16,5 проценти, кои не можат да си дозволат греење од 2009 година има во Хрватска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com