Home » Во Европа расте бројот на зарази со Ешерихија коли, отпорна на антибиотици

Во Европа расте бројот на зарази со Ешерихија коли, отпорна на антибиотици

by Журнал.мк

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА) пријавија „зголемен број на изолати на E. coli кои го носат генот blaNDM-5, што ги прави отпорни на карбапенеми“, објави ECDC . Карбапенемите се антибиотици со широк спектар „кои се користат како последно средство за лекување на потешки инфекции со ешерихија коли“, велат од ECDC.

Тие предупредија дека видовите на бактерии кои носат blaNDM-5 се „веќе воспоставени“ и „претставуваат нова закана“ со оглед на тоа што тие би можеле да бидат отпорни на други антибиотици, вклучувајќи аминогликозиди, флуорокинолони и триметоприм-сулфаметоксазол.

E. coli е најчеста причина за инфекции на крвотокот и уринарниот тракт (ИУТ) во Европа, објави ECDC. Истражувањето на научниците од Соединетите Држави укажа на тоа дека зоонозата E. coli која се пренесува преку храната предизвикува половина милион инфекции на уринарниот тракт годишно.

ECDC, агенцијата на ЕУ чија цел е да ја зајакне одбраната на населението во Европа од заразни болести, тврди дека видот отпорен на антимикробни лекови веројатно е поврзан со земјите во Африка и Азија. Своето тврдење го заснова на информации за патувања и хоспитализација на поединци. Тие укажуваат дека повеќе од 80 проценти од случаите на инфекција би можеле да потекнуваат од области надвор од Европа.

Агенцијата препорачува дополнително зајакнување на мерките за рано откривање на инфекцијата и нејзина контрола и посочува дека ширењето на резистентни соеви во и меѓу здравствените институции може да го зголеми товарот што го чувствуваат здравствените системи низ Европа. Имено, во европските земји годишно умираат повеќе од 35.000 луѓе како последица на инфекциите отпорни на антибиотици.

„Сојот на E. coli кој го носи генот blaNDM-5 се шири брзо и на поголем географски размер. Затоа постои ризик дека бројот на случаи на инфекција со E. coli отпорни на карбапенем ќе се зголеми во ЕУ/ЕЕА веќе во рок од неколку години“, предупредија од ECDC.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More