12 C
Skopje
Wednesday, February 24, 2021

Во државата се плаќаат многу малку даноци, една третина е надвор од даночна контрола

Најчитани вести

Рамниот данок моментно е подобар за економски раст, а за воведување прогресивен прво треба да се преброиме. Се уште имаме слон во просторијата – третина територија од земјава е релативно вон даночна контрола. Се плаќаат многу малку даноци. Затоа, прво треба да се изброиме и да видиме колку даноци навистина државата може и треба да собира, а потоа да се навратиме на ова прашање и да видиме, дали ни е потребен дополнителен данок на прогресивен или друг начин, изјави денеска Илија
Господинов, заменик-претседател на компанијата „Ендава“ и член на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комјутерски технологии (МАСИТ).

Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата „Како да се зголемат инвестициите во земјата со цел да се стимулира одржлив еконмски раст”, Господинов напомена дека прогресивното оданочување воопшто не го даде очекуваниот ефект. Не резултираше со плаќање поголем данок од страна на вработените кои добиваат поголеми плати, туку со плаќање на разликата од страна на фирмите.

Според Господинов, ако сакаме да имаме раст, особено во индустриите што се модерни, високо платени и кои може да помогнат младите да не си одат од земајава, приоритет треба да имаат образованието и регулаторните рамки.

За поздрав е, дополни, тоа што инсистирањето на МАСИТ за реанализа на прогресивниот данок резултира со негово ставање во мирување.
Работилницата „Како да се зголемат инвестициите во земјата со цел да се стимулира одржлив еконмски раст” ја организираше Стопанската комора Македонија – Турција, а освен претставници од бизнисот, учествуаат и професори. Се дискутира за тоа кои
економски политики треба да се преземаат за да се максимизираат ефектите на сегашните и идните инвестиции.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести