12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Во Драч запленети 49 килограми кокаин во контејнер со банани од Еквадор

Најчитани вести

Во албанскиот пристанишен град Драч се запленети 49 килограми кокаин, сокриен во контејнер со банани во Еквадор.

Уапсен е Селим Чекај (72), татко на дилерот Абер Чекај, кој е на издржување на казната затвор во траење од 14 години, за шверц на 613 килограми кокаин исто така од Еквадор.

Крајната дестинација на пратката била истата компанија од Мамурас, но сега во сопственост на таткото. Таа се движела по истата сообраќајна рута, со истата стока – банани во контејнери.

„Контејнерите со банани биле натоварени во Еквадор, бродот стигнал во турското пристаниште Мерсин со крајна дестинација Драч. При деталната контрола извршена на контејнерите, во еден од нив, откриени и запленети се 37 пакетчиња со кокаин, во вкупна тежина од 49 килограми кокаин, како материјален доказ“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека кога полицијата побарала од Селим Чекај(72), врз основа на предивдената постапка, да го отвори контејнерот, каде што била дрогата, тој одбил, барајќи најпрво да го однесе контејнерот во магацинот со образложение дека внатре имало овошје што го нарачал од Еквадор, кое може да се расипе.

Поради тоа полицијата се посомневала дека таму се крие нешто недозволиво. Затоа, интервенирала и откако го отворила ја открила дрогата.

Други детали полицијата не наведува, а предметот е под надлежност на Обвинтелството и Судот во Драч. Истарагата продолжува за откривање на други лаца поврзани со ова криминално дело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести