17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Во дом за стари лица ангажирале стриптизерка за пензионерите

Најчитани вести

Дом за стари лица во Таојан во Тајван ангажирал стриптизерка за да ги расположи постарите лица. Многу од корисниците на Домот се во инвалидски колички.

Од старскиот дом објаснија дека ангажирале стриптизерка за пензионерите бидејќи тоа било прослава на Есенскиот фестивал.

Видеото започнува со стриптизета која лежи на подот пред повозрасна личност, а потоа почнува да танцува во скутот на човек во инвалидска количка. Среде нејзиниот танц во скутот, еден маж ја допира по градите. Потоа таа престанува да танцува во неговиот скут и го бакнува човекот во чело.
Откако снимката беше обелоденета во јавноста, објектот за пензионирани воени лица се најде под силна осуда од јавноста.

„Намерата на настанот беше да ги забавува жителите и да ги расположи. Многу ни е жал за се што беше предизвикано“, се вели во соопштението. Претставник на институцијата изјавил дека одредени движења на танчерката биле премногу „ентузијастички и жестоки“ и дека треба да бидат повнимателни при планирањето на идните настани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com