J.Н. (44) од Гевгелија вчера беше приведен поради сомневање за поседување и препродажба на дрога според член 215 од Кривичниот законик.
Со судска наредба полицијата извршила претрес на домот и помошните простории на Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9 мм калибар и засадени растенија канабис сатива.
Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.