17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Во Дебар, ДУИ и Хекуран Дука прогласија победа

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата, вечерва прогласи победа по вториот круг од гласањето што се одржа денеска, неофицијално со 136 гласови повеќе од неговот протв канддат Беким Поцеста од Алијанса за Албанците/Алтернатива подржан од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов на страната на Државната изборна комисија од обработени околу 40 проценти од избирачките места за Дука гласале 1399, а за Поцеста 1360.

Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани.

Пред насобраните се обрати шефот на Изборниот штаб Артин Спахиу, кој рече дека тие се партија која се грижи за сите, чии цели се НАТО и ЕУ а на македонски се заблагодари и за „ безрезервната подршка на СДСМ“.

Кусо се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој рече дека Дебар и дебрани секогаш знаеле да го изберат она што е најдобро за нив и вети продолжување на подршката од централната власт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com