17.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Во Грција се отвораат продавниците, полицискиот час останува

Најчитани вести

По речиси два и пол месеци, под посебни мерки, денеска во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри, а повторно со работа почнуваат и козметичките и фризерските салони, берберниците и центрите за техничка контрола на возила, пренесува МИА од Атина.

Отворањето на продавниците, сепак не значи и крај на карантинот во Грција што започна на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и понатаму во сила се рестрикциите за движење, односно излегување од дома само со испратена смс порака од шест конкретни причини, а паралелно во сила е и полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, како и забраната за патување меѓу периферии.

Продавниците ќе работат под конкретни правила, со ограничен број муштерии, додека пак маската е задолжителна за сите, исто како што е задолжителна секаде во грција.

Од почетокот на епидемијата има 148.607 заразени и 5.469 смртни случаи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести