16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Во Грција регистриран првиот случај на јужноафриканската мутација на вирусот

Најчитани вести

Првиот случај на јужноафриканската варијанта на коронавирус е регистриран денеска во Солун, втор по големина град во Грција, објави локалниот Институт за јавно здравје.

Вонредна средба се одржа попладнево во Солун, на која присуствуваа грчкиот заменик министер за цивилна заштита Никос Хардељас и претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, Панајотис Аркуманеас.

Засега, не се познати други информации дали има уште заразени со јужноафриканска варијанта на коронавирус, кој, како и британската мутација, се шири побрзо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести