-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Во Грција првпат регистриран смртен сучај кај пациент вакциниран против Covid-19

Најчитани вести

Првиот смртен случај на пациент целосно вакциниран против коронавирусот и без други хронични заболувања е регистрирна во Солун, соопшти директорот на вториот оддел за интензивна нега во болницата „Папаниколау“, Никос Каправелос.

„Станува збор за еден од исклучоците. Тоа е првиот смртен случај од 13.000“, рече Каправелос во разговорот за телевизискиот канал OPEN.

Како што рече шефот на споменатиот оддел во солунската болница, невакцинираните против коронавирусот „се во голема опасност“, но и другите би требало да бидат претпазливи.

Каправелос оцени дека е критична епидемиолошката состојба предизвикана од делта варијантата на коронавирусот, којашто, како што рече, „ги промени сите податоци“. Истакна дека ситуацијата со ширењето на коронавирусот може да се влоши со враќањето на туристите од летните одмори.

Во Грција на дневно ниво се регистрираат по повеќе од три илјади нови коронаинфекции. Според податоците од неделата 15-ти август, од почетокот на пандемијата починале 13.233 лица.

Дадени се досега над 11 милиони вакцини против Covid-19. Од нив 5,8 милиони луѓе примиле барем една доза, додека 5,5 милиони Грци се целосно вакцинирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com