20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Во Грција потврдени вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници

Најчитани вести

Во Грција, заклучно со денеска, потврдени се вкупно 48 случаи на мајмунски сипаници, девет повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина.

Сите потврдени случаи се мажи на возраст од 19 до 59 години, а 33 отсто, односно 16 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека во Европа, до 9 август 2022 година, се регистрирани 17.897 случаи на мајмунски сипаници во 41 земја.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com