7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Во Грција за 24 часа регистрирани 36 шумски пожари

Најчитани вести

Од 19 часот во средата до 19 часот синоќа, на територијата во Грција, избувнале 36 шумски пожари, jави дописничката на МИА од Атина.

Според Противпожарната служба на Грција, за справување со огнените јазици интервенирале вкупно 430 пожарникари со 152 возила, 11 пешадиски тимови, еден хеликоптер, шест авиони и уште толку PZL авиони, а помагале цистерни од општините, како и волонтери пожарникари.

Во однос на пожарот на Евија што избувна на 13 август, од грчката противпожарна служба соопштуваат дека е делумно ставен под контрола, а пожарникарите сѐ уште се на терен за целосно гаснење.

За денешниот ден, постои висок ризик за пожари во регионите Атика, островите во северниот дел на Егејското море, на Пелопонез, како и во централна и западна Грција.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести