9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Во Германија разговори за коалиција на СПД, Зелените и либералите

Најчитани вести

Десет дена по парламентарните избори во Германија Социјалдемократската партија (СПД) која освои најмногу гласови денеска ќе започне прелиминарни разговори со Зелените и Слободните демократи во обид да формираат коалиција без конзервативците во заминување на канцеларката Ангела Меркел. Лидерот на СПД Олаф Шолц, ќе биде нов германски канцелар доколку се формира коалицијата, а неговата партија повторно ќе застане на чело на владата, за прв пат откако Герхард Шредер ја напушти функцијата во 2005 година.

Од друга страна, конзервативците, предводени од Армин Лашет, кои освоија помалку гласови од СДП на парламентарните избори, не се откажаа од обидот да формираат коалиција и да ја задржат функцијата канцелар. Преговорите ќе ја направат Германија чекор поблиску до таканаречената „семафор коалиција“, именувана по боите на трите партии. За разлика од многу други европски земји, каде што претседателот или монархот поканува индивидуален лидер на партија да се обиде да формира влада, во Германија тоа зависи од самите партии. Тоа значи дека преговорите за коалиција може да траат со месеци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com