27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Во Германија од 25 јуни влез за патници кои не се од ЕУ

Најчитани вести

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле две дози на вакцина против Ковид-19 да влезат во државата, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Од тој датум, тие ќе можат да влезат во земјата најрано 14 дена по приемот на втората доза.

Патниците можат да влезат во Германија или како туристи, или да ги посетат семејството и пријателите.

Услов за влез е, сепак, да биле вакцинирани со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих каде во моментов, признати се само оние вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Другите вакцини кои нудат слично ниво на заштита ќе бидат додадени на списокот веднаш штом ќе бидат завршени потребните проценки, се вели на веб-страницата на Министерството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести