Во Германија застрелан маж поради бојата на кожата

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Маж од Еритреја е тешко повреден во пукање во западна Германија, а осомичениот за нападот кој очигледно имал антимигрантски мотиви, неколку часа подоцна извршил самоубиство, соопшти обвинителството во Франфурт.

Портпаролот на обвинителството, Александер Бадле изјави дека 26-годишниот Еритреец бил погоден во стомакот во близина на градот Вестербарх, пренесе „АП“.

„Младиот човек е пренесен во болница и не е во животна опасност“, додаде портпаролот.

Околу три часа подоцна, 55-годишниот Германец пукал во својата глава и е пронајден во својот автомобил.

Бадле рекол дека жртвата судејќи по сѐ е избрана поради бојата на кожата и нема доказ дека напаѓачот имал врски со екстремно деничарски групи.

З.Х.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.