Фолксваген во Германија ја започна испораката на својот нов електричен модел „ID.4“.
Според производителот во Европа за овој модел има 23.500 нарачки ( податок од крајот на февруари).
До крајот на годината ширум светот е планирана продажба на околу 150.000 примероци од моделот „ID.4“ (што е третина од планираните 450.000 електрични возила на Фолксваген за оваа година.