25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Најчитани вести

Германската агенција ДПА јави дека рокот на употреба на повеќе од десет милиони дози вакцини ќе истече до крајот на јуни, а до крајот на третиот квартал оваа бројка ќе достигне 50 милиони.

Германија нарача 677 милиони дози вакцина за периодот 2021-2023 година, вклучително и повеќе од 375 милиони вакцини на БиоНТек /Фајзер.

Германското Министерство за здравство за весникот „Велт ам Зонтаг”соопшти дека заклучно со 4 април годинава во складиштето на владата се наоѓаат 77 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Во кампањата за вакцинација, што во Германија почна на 27 декември 2020 година, првата доза ја примија 63,7 милиони лица, втората доза 63,3 милиони луѓе, а третата 49 милиони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com