-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Во војската нема место за политика, порача претседателот Пендаровски

Најчитани вести

„Вие морате да ѝ служите на државата, независно од политичките гарнитури на власт и независно од вашите лични и политички убедувања. Затоа што тоа е фундаментот на секоја професионална армија, политиката мора да биде надвор од војската“, порача врховниот командант и претседател Стево Пендаровски на свечената церемонија за промоција на нови офицери – потпоручници од 21-та класа и заклетва на 25-тата класа на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”.

Шефот на државата нагласи дека е многу важно, „за време на целиот работен век политиката да се држи што подалеку од армиските редови.

Пендаровски истакна дека офицерскиот чин значи чест, достоинство и одговорност кон Армијата и кон татковината.

„Од вас очекуваме да внесете нова енергија, нови знаења и вештини во структурите на Армијата и сето она што го научивте во изминатите четири години да го пренесете во командите и единиците со што ќе придонесете за зацврстување на борбената готовност и моралот на Армијата“, рече Пендаровски.

Шефот на државата порача дека во Армијата нема и не смее да има место за стереотипи и предрасуди од било каков вид.

„Не случајно Армијата е институција со континуирано висока доверба меѓу македонските граѓани. Нашите луѓе препознаваат дека припадниците на Армијата се мажи и жени од збор. Како што со право секоја година велиме дека припадниците на Армијата треба да ја почитуваат дадената заклетва, така и државата мора да ги исполнува своите обврски кон своите старешини и војници“, рече претседателот. .

Тој меѓу најголемите достигнувања за 30 години независна држава го вброи членството во НАТО.

Посебно признание денеска им беше одадено на тројцата најуспешни питомци, Реџеп Мустафовски, Илчо Георгиевски од родот „врски” и Дамјан Ангелески од родот „пешадија”.

На свеченоста присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и други гости од Министерството за одбрана и Армијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com