Home » Во водите на Вардар во Тетовско најдено безживотно тело на 52 одишник по кого се трагаше изминативе недели

Во водите на Вардар во Тетовско најдено безживотно тело на 52 одишник по кого се трагаше изминативе недели

by Журнал.мк

По речиси три недели потрага денеска е најдено безживотното тело на 52 годишниот Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница.

По него се водеше потрага од 6 август, откако ноќта помеѓу 4 и 5 август излегол од дома и оттогаш не се вратил во Теново.– Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека во водите на реката Вардар, во близина на месноста Бриони и старото фудбалско игралиште, закачено на дрво, било пронајдено безживотното тело на И.Р.(52) од тетовско Теново. Екипи од тетовската Територијална противпожарна единица и СВР Тетово попладнево го извлекле телото на брегот. Увидна екипа на СВР Тетово во координација со Јавен обвинител извршиле увид, а ќе се врши и обдукција, информираат од СВР Тетово.Во потрагата учествуваа Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More