21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Во Бугарија 30 отсто од хотелите летово нема да работат

Најчитани вести

Околу 30 отсто од бугарските хотели нема да се отворат летово.

Од вкупно 17.000 сметувачки капацитети во земјата, само околу 8.000 најавиле дека ќе работат во текот на летните месеци.

„Се очекува околу 30 отсто од хотелите во Бугарија летово да не ги отворат своите врати, бидејќи работат според таканаречениот „индустриски принцип“, односно со нискобуџетните авиокомпании, што се едни од најпогодените од пандемијата“, изјави Румен Драганов, претседател на Конфедерацијата на бугарскиот туристички бизнис, за телевизијата „Блумберг Бугарија“.

Тој објасни дека летниот туризам вообичаено сочинува околу 70 отсто од вкупниот обем на бугарскиот туризам. За тековната зимска сезона, вели дека има пад од 60 отсто во споредба со 2019 година. Бугарија годинава бележи пад од 70 отсто на странските туристи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести