0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Во Британија почнува вакцинацијата со трета доза

Најчитани вести

Во Велика Британија од денеска започнува вакцинацијата против Ковид 19 со трета доза.

Покани за трета вакцина ќе бидат испратени до околу 1,5 милиони луѓе во Англија. Овие акции се дел од програмата на британската Влада за подобрување на имунолошкиот систем на медицинските лица и најранливите Британци.

Министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека бустер дозите се важен начин за контрола на коронавирусот пред почетокот на зимата.

Трета доза ќе им биде понудена на деветте приоритетни групи, кои вклучуваат здравствени и социјални работници, оние кои живеат и работат во домови за стари лица и речиси сите постари од 50 години. Исто така, трета доза ќе им биде понудена и на помладите луѓе кои спаѓаат во ризична група.

Оваа доза ќе им се даде само на оние кои ја примиле втората доза пред најмалку шест месеци.

Се препорачува третата доза биде од „Фајзер“, без оглед на претходната вакцина, но како алтернатива може да се користи половина од дозата на „Модерна“.

Во тек се кампањи за бустер вакцините во останатиот дел од Обединетото Кралство – Шкотска, Велс и Северна Ирска. Здравствените власти велат дека наскоро се очекува да започне вакцинацијата на децата на возраст од 12 до 15 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com