-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Во Британија лани повеќе се вложувало во крипто-валути отколку во акции

Најчитани вести

Во Велика Британија, минатата година, седум проценти од возрасните граѓани инвестирале во криптовалути, додека пет проценти инвестирале во традиционални берзански средства и инвестиции засновани на капитал (ИСА), покажува истражувањето на британската инвестициска компанија AJ Бел.

„Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе купуваат криптовалути отколку што вложуваат на ИСА, заклучокот е дека светот е зафатен од крипто лудило“, смета Лаит Халаф, финансиски аналитичар во AЈ Бел, за резултатите од истражувањето.

Според таа студија, британските крипто-инвеститори се претежно мажи и под 35 години.

Повеќе од 70 проценти од оние кои изјавиле дека купиле криптовалути, рекле дека оствариле профит, додека 12 проценти објавија загуба минатата година. Во исто време, 17 проценти од испитаниците изјавиле дека не знаат дали оствариле профит или загуба со своите крипто инвестиции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com