Времето поминува, но нивната љубов блеска како првиот ден…
Познатиот водител Милан Калиниќ со години е во брак со Сандра, која и во најубавите, но и најтешките ситуација му била вистинска поддршка.
Милан и Сандра веќе 16 години се во брак и како резултат на нивната љубов се нивните две деца. Она што секогаш кога имаат прилика го нагласуваат е дека нивната љубов е силна како првиот ден.
Оваа брачна двојка во повеќе наврати зборуваше за својот брак и начинот на кој функционираат.
„Велат дека кога е некој е заљубен како првиот ден тоа е лага, тоа е невозможно, страста и заљубеноста со текот на времето бледеат. Сандра и јас сме толку долго заедно и сѐ повеќе и повеќе уживаме, но како што поминува времето сме сѐ поголеми пријатели, се смееме уште повеќе од порано и се дополнуваме. Тоа се ретки работи кои ние ги имаме, бидејќи гледајќи ги другите луѓе сфаќам дека многумина се заедно само формално, или дека од некои причини го изгубиле она „нешто“ и дека повеќе тоа не е тоа“ – изјави во една прилика Милан, а потоа објасни:
„Потоа, кога ќе не видам мене и Сандра навистина е несекојдневно и единствено и тоа љубоморно го чувам. Сега и на нас да ни се случи нешто, од инает не би дозволил да се распаднеме. Колку и да имаме добри пријатели и луѓе кои ни посакуваат добро, има и такви што завидуваат, и тоа многу повеќе, генерално луѓето се такви, тоа им е во сржта. Така што, поради таквите, што и да се случи, од инает не би дозволил нешто да не поремети.“
Годините поминуваат, а споругата на Милан