28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Во борба против коронавирусот со сите средства: Оваа храна мора да ја внесувате за време на пандемија!

Најчитани вести

Зајакнувањето на имунитетот и организмот за време на пандемијата на коронавирус е клучот за борба против болеста и зачувување на здравјето. Американскиот центар за контрола и превенција (CDC) објави серија совети поврзани со здрави навики во исхраната, на кои треба да се придржуваме за време на пандемијата на коронавирус.

Јадете многу овошје и зеленчук

За да се справите со стресот предизвикан од пандемијата на вирусот корона, потребно е да јадете хранливи материи и да јадете балансирани здрави оброци.

Еден од најдобрите начини за борба против коронавирусот е да внесувате доволно витамини и минерали, а некои витамини можат значително да го зајакнат имунитетот за борба против вирусот. Еден од нив е витамин Ц кој се наоѓа во разни зеленчуци и овошја. Затоа, препорачливо е да јадете храна богата со овој витамин секој ден. Може да бидат портокали или други цитруси, јагоди, брокула, компири и слично.

Додатоци во исхраната

Доколку забележите дека ви недостигаат некои минерали или витамини, американските експерти ве советуваат да разговарате со лекар и нутриционист кои ќе ви објаснат кои додатоци во исхраната треба да ги внесувате во вашата дневна рутина.

Јадете хранлива храна за да го намалите стресот

За да се справите со стресот предизвикан од пандемијата на вирусот корона, потребно е да јадете хранливи материи и да јадете балансирани здрави оброци. Во борбата против стресот, Центарот за контрола и превенција препорачува и медитација, редовно вежбање и избегнување на големи количини на алкохол.

Пијте млеко со малку маснотии

Друг важен витамин кој може да помогне во борбата против ковид-19 е витамин Д, а млечните производи како млекото се исклучително богати со овој витамин. Млекото може да му обезбеди на вашето тело доволно витамин Д, како и доволно здрави масти, па дури и малку протеини. Покрај тоа, витаминот Д можете да го најдете и во друга храна како лосос, јајца, одредени житни култури и печурки.

Подгответе храна богата со цинк

Центарот за контрола и превенција наведува дека цинкот е уште еден важен минерал што треба да се додаде во исхраната за телото да може да се бори против ковид-19. Посно месо, морски плодови, мешунки, јаткасти плодови и семиња се само некои од храната богата со цинк.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести