2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Во бомбашки напад во Авганистан загинаа тројца војници

Најчитани вести

Најмалку тројца припадници на авганистанските безбедносни сили загинаа, а 12 се повредени во бомбашки напад врз автомобил во близина на Кабул.

Локалните полициски соопштија дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

Талибанците во соопштение тврдат дека во експлозијата загинале или биле повредени 45 припадници на авганистанските безбедносни сили.

Тие исто така наведоа дека продолжувањето на воздушните напади во бројни области на Авганистан го крши договорот меѓу нив и САД.

Договорот предвидува повлекување на странски трупи од Авганистан до 1 мај во замена за мировни гаранции на талибанците и мировни разговори со авганистанската Влада поддржана од САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com