12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Во болниците се лекуваат 1.334 пациенти поради компликации од Ковид-19

Најчитани вести

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1334 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, е примен еден нов пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 224 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 131 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 30 болни.

Вкупно 566 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 160 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com