21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

Во Битола премиерна изведба на документарната театарска претстава „Жени“

Најчитани вести

Жени битолчанки, борци со болеста рак со која лично се соочиле, синоќа одиграа документарна теарска претстава во која на свој и оригинален начин ја презентираа својата борба со рак на дојка.

Во театарската претстава учествуваа битолчанките Невена Стерјевска, Катерина Петровска, Трендафилка Киклевска и Зорица Цибалевска, жени кои никогаш не биле акерки, а кои со битолската публика ја споделија личната борба против рак на дојка и рак на матка, а Цибалевска посебно беше фокусирана на пораките од нејзината мајка Летка Андреевска која го загуби животот во борбата против болеста рак.

„Театарскиот проект беше во функција на подигнување свест за редовни прегледи и брзо дијагностицирање на болеста рак која за жал во голем обем и бројка е застапена во пелагонскиот регион. Во претставата говоревме за искуствата, за борбата против самата болест, но и депресијата која се јавува кај секоја жена кога се соочува со оваа болест. И, конечно како жени од секојдневието, а не професионални актерки, сакавме да посочиме дека борбата е можна ако решително се води“, истакнаа учесничките во претставата „Жени“, по синоќешната документарна театарска премира во Битола.

Стручно оформување на претставата изврши Софија Ристевска-Петрушева, професионален театарски режисер и основач на „Интимен Театар“ и хотел „Театар“ каде се одигра претставата, и каде функционира здружението за поддршка на жени болни од рак во Битола – „Одраз“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com