15.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

Во Амстердам цветаат криминалот и трговијата со тешки дроги, тврди алармантен извештај

Најчитани вести

Престолнината на Холандија има голем проблем со тешките дроги кои доведуваат до зголемување на корупцијата и насилството од криминалци и рекетари.

„Парите заработени преку продажба на кокаин, екстази и марихуана го пронајдоа својот пат кон просперитетниот пазар на недвижности“, се вели во извештајот „Другата страна на Амстердам“, нарачан од градската управа.

Иако марихуаната во Холандија е нелегална, славните амстердамски „кофишопови“ ја продаваат отворено со децении, на задоволство на граѓаните и туристите.

Обвинителите не ги гонат оние кои во Амстердам ќе бидат затекнати со помала количина марихуана, а во извештајот се наведува дека полицајците, поради прифатливоста од општеството, се откажале од казнување сторители на поситни прекршоци.

Но, таквата политика де факто е проширена и на други дроги, велат авторите на студијата.

Според нив, Амстердам изградил имиџ на слободно прибежиште на многу криминалци, мрежи на крадци, препродавачи и изнудувачи, сомнителни правници и агенти за недвижнини.

На врвот на таа криминална мрежа се шефовите на организираниот криминал кои не мора да бидат физички во Амстердам, а на дното се нивните „слуги“, како моторџии и таксисти кои ги вршат валканите работи.

Неодамнешни студии покажаа дека 21 процент од жителите на Амстердам користеле марихуана изминатата година, а 17 проценти потешки дроги, како кокаин и екстази.

Здравствените власти проценуваат дека екстази користат 70 проценти од оние кои присуствуваат на музичките фестивали во градот.

Градоначалничката Фемке Халсема рече дека ги прифаќа и ќе постапи по критиките од извештајот.

Таа има намера да продолжи со тековните програми, особено оние против перењето пари на пазарот на недвижности, кои имаат за цел да ја подобрат соработката меѓу Амстердам и службите за спроведување на законот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com