Полицијата во албанското пристаниште Драч запленила 14 пакувања кокаин и уапсиле две лица.
Дрогата била скриена во контејнери со банани, кои пристигнале во тоа пристаниште со брод од Еквадор, пренесуваат албанските медиуми.
Контејнерите пристигнале на пристаништето пред неколку дена, а полицијата чекала да ја спроведе акцијата кога се појавило лицето кое требало да ги преземе.
Ова е четврта полициска акција во Драч од април, во која се запленува дрога, а во претходната акција се запленети 200 килограми кокаин, што требало да стигне на Косово.