2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Во Албанија останува на сила полицискиот час, единствено матурантите се враќаат во училиштата

Најчитани вести

Комитетот на експерти за справување со пандемијата денеска одлучи полицискиот час и другите органичувачки мерки во Албанија да продолжат да важат, а единствено се дозволува во училиштата да се вратат матурантите.

-Врз основа на бројките и анализата на тие причини и ситуациите што доведуваат до овие бројки, комитетот смета дека ситуацијата навистина е стабилна, со мало намалување на инциденцата, намалување на хоспитализациите и изгубените животи, но бројките повторно не се таму каде што треба да бидат за да се ослободи ситуацијата. Затоа, одлучивме ограничувачките мерки да продолжат со единствен исклучок, матурантите да се вратат во училиштата, изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Тоа значи, посочи таа, дека полицискиот час, воведен од 11 ноември 2020 година, продолжува и ќе трае како и до сега од 20 до 6 часот, продолжува и наставата од далечина за унивезитетите и другите нивоа на образование, како и забраната за летови кон Велка Британија.

Директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо посочи двонеделната инциденца бележи намалување, како и бројот на новозаразени, починати и хоспитализирани или како што оцени „епидемолошката состојба е под контрола но се уште е деликатна“.

-Ситуацијата има некои промени, таа е под контролира, но со деликатни бројки. Добрата вест е дека почна масовната вакцинација на населението, од најголемите возрасни групи. Очекуваме со масовната имунизација да се намали инциденцата на заразата и смртните случаи, рече Фицо.

Таа ги повика граѓаните да ги почитуваат анти-ковид мерките и наведе дека „посебниот број 127 останува и натаму за граѓаните, чии животи се загрозени“ и да се јават во случај да имаат некој од симптомите на опасниот вирус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com