28.8 C
Skopje
Friday, August 6, 2021

Во Албанија лани зголемна продажбата на луксузни добра

Најчитани вести

Во Албанија, продажбата на луксузни добра, вклучувајќи храна од странство, детергенти, мебел и накит, се зголеми од почетокот на пандемијата, соопшти Институтот за статстика(ИНСТАТ) за податоците за 2020 година.

Во споредба со 2019 година, увозот на кафе, цигари, алкохол и часовници се намали, а минатата година најпродавани се тестенини, житарици, брашно и масло.

Поради забраната за свадби, празнични собири и затворање на барови и ресторани, потрошувачката на алкохол е намалена, меѓутоа, кога станува збор за накит, продажбата на накит поскап од 1.000 евра е зголемена за пет проценти.

Спред албански медиуми се претпоставува дека тоа е поради побогатите граѓани на Албанија, кои не можеле да патуваат поради пандемијата, но парите ги потрошиле во локалните продавници.

Продажбата на детергенти во март 2020 година се зголемила за 50 проценти и за осум проценти во текот на целата година во споредба со претходната година.

Исто така, продажбата на кармини се намалила за 20 проценти, веројатно поради носењето маски.

Од друга страна, побарувачката за производи за нега на кожа, сапуни и производи за коса е зголемена, додека продажбата на парфеми е на исто ниво како во 2019 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести