Home » Во акција на граничната полиција кај Прешево, во БМВ најдени 608.000 евра, 125.000 долари и два смарагда

Во акција на граничната полиција кај Прешево, во БМВ најдени 608.000 евра, 125.000 долари и два смарагда

by Журнал.мк

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Одделот за антикорупција, одделението Ниш, во соработка со Граничната полиција и Царинската управа, а по наредба на Специјалното одделение за антикорупција на Вишото јавно обвинителство во Ниш, уапсија германски државјанин. А.А.(36) и Украинец А.Н.(40) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело перење пари, пишува Телеграф.рс.

Полицијата на граничниот премин Прешево при претрес на автомобил БМВ управуван од А.А., додека со него бил А.Н., пронашла непријавени пари – 607.990 евра, 124.924 долари, како и два смарагди.
Тие се обвинети дека имале намера преку граничниот премин да префрлат пари и скапоцени камења за кои постои сомневање дека потекнуваат од криминални активности и да ги изнесат надвор од Република Србија.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk