24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Во автобуска несреќа во Истанбул загинаа три лица, 18 се повредени

Најчитани вести

Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа што се случи утринава во Истанбул, јави турската новинска агенција Анадолија.

Патнички автобус на линијата Черкежка-Ајдин излетал од патот што води кон автопатот Кузеј-Мармара и паднал во провалија длабока 30 метри.

Во инцидентот повредени се 18 лица кои се згрижени во болниците во Истанбул.

Истрагата е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот привремено е во прекин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com