7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Во Австрија први апсења поради кршење на законот за пушење

Најчитани вести

ЕВРОПАВо Австрија први апсења поради кршење на законот за пушењеОбјавено пред 33 минути – 4 ноември, 2019Од Макфакс

Во Австрија од 1 ноември на сила стапи забраната за пушење во сите угостителски објекти, а само неколку дена од примената на законот, беше забележано и првото апсење.

Австриската полиција во Виена во текот на викендот уапси браќа кои ја игнорирале забраната за пушење и запалиле цигари во ресторан.

Персоналот на локалот го предупредил момчињата за забраната, но бидејќи не ги гаселе цигарите, биле исфрлени од барот.

Тие не се помириле со ова, па го нападнале обезбедувањето, кое ја повикало полицијата, што, пак, ги уапсила откако започнале да пружаат отпор и им нанеле повреди на унифорирани лица.

Законот предвидува високи казни за непочитување на забраната за пушење.

Лице кое за првпат ќе го прекрши законот се соочува со парична казна до 100 евра, а ако се работи за лице кое во повеќе наврати ја прекршило забраната, казната оди и до 1.000 евра.

Забраната за пушење се почитува во речиси сите локали од нејзиното влегување во сила.

Стотици ресторани и барови беа набљудувани во првите денови од примената на законот, а казни беа изречени во три случаи поради недостиг на задолжителни ознаки за забрането пушење.

Во само еден случај била прекршена забраната за пушење.

До крајот на годината виенските власти најавија спроведување на повеќе од 5.000 контроли за да ги принудат сите угостители да ја почитуваат забраната за пушење.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести