Home » Во Австралија ова место е идеално за бегство од жештините

Во Австралија ова место е идеално за бегство од жештините

by Журнал.мк

Жителите на Кубер Педи, рударско гратче во Австралија живеат под земја. 

Во тој град денеска 60 отсто од вкупно 2.500 жители живеат под земја, во куќи изградени во камења и дупки, каде најчесто единствен знак за нивното постоење се цевките за вентилација. Во лето, кога температурите во Кубер Педи достигнуваат и до 55 степени Целзиусови, животот над земјата е толку неподнослив што често мртви птици паѓаат од небото. Затоа преселувањето под земја е логична одлука за многу жители.

Преведен од еден од домородните јазици, Кубер Педи значи „бел човек во дупка“. Во Кубер Педи има многу под земја – не само домови, туку и продавници, мотел и ресторани. Подземните објекти мора да бидат длабоки најмалку четири метри, а во тој момент животот е пријатен во лето, најмногу на температура од 23 степени Целзиусови. Кога температурата во зимските ноќи ќе се спушти до 2 степени, подземните куќи совршено ја зачувуваат топлината.

Куќите во Кубер Педи се евтини. Една со три спални соби, неодамна се продаде за помалку од 25.000 евра. Чисто за споредба, куќа од таа квадратура во Аделаида чини околу 420.000 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More