Home » Во Авганистан прекината потрагата по преживеаните од земјотресот

Во Авганистан прекината потрагата по преживеаните од земјотресот

by Журнал.мк

Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните.

На 22 јуни земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Авганистан, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени.

Сè уште не е познато колку луѓе се под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Според властите во земјотресот делумно или целосно се уништени околу 10.000 куќи.

Од земјотресот најпогодена е авганистанската југоисточна покраина Пактика.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More