0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Во Авганистан има околу 100 македонски државјани, Владата подготвена да прифати цивилно население

Најчитани вести

По влошувањето на безбедноста состојба во Aвганистан, таму се уште има околу 100 наши државјани, но засега, како што информираше Mинистерството за надворешни работи, сите се на безбедни локации. Од МНР велат дека се следи ситуацијата и дека некои држави веќе изразиле подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат опфатени и македонските државјани.

Според последните информации на МНР, компаниите кои ги ангажираат работниците, не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен.

Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев објави дека Македонија ги информирала САД дека стои на располагање да помогне за да се спасат животите на цивилното население од Авганистан и е подготвена да обезбеди сместување во хотели и одморалишта, а оперативата и трошоците за време на нивниот престој до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com