14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Во Авганистан запреа со работа најмалку 153 медиуми

Најчитани вести

Најмалку 153 медиуми престанаа да работат во 20 провинции во Авганистан, откако талибанското движење ја презеде контролата врз земјата на 15 август, јави денеска „Толо њуз“.

Главните причини за затворање на медиумите се тешката економска состојба и различните ограничувања што ги воведоа талибанците.

– Ако организациите што ги поддржуваат медиумите ги затворат очите пред сегашната ситуација, тогаш ќе видиме дека последните преостанати изданија и ТВ канали ќе бидат затворени, изјави Хуџуталу Муџадиди, потпретседател на Здружението на независни новинари на Авганистан. Масрор Лутфи, претставник на Националната унија на новинари ги повика меѓународните организации да преземат итни мерки за решавање на овој проблем.

– Во спротивно, на слободата на печатот како и на други граѓански слободи во Авганистан наскоро ќе им дојде крајот, изјави тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com