8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Во Авганистан годинава дневно, во просек, гинат по девет деца

Најчитани вести

Во првите девет месеци од годината во Авганистан дневно, во просек, загинувале или се повредувале по девет деца, соопшти Мешународниот детскси итен фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во денеска објавениот извештај, пренесе ДПА

Овие податоци се за 11 отсто повисоки во однос на истиот период од минатата година, пред се, како последица на зголемувањето на самоубиствените бомбашки напади и активностите на теренот, наведе УНИЦЕФ.

Според мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА), во првите девет месеци од 2019 година во земјата загинале најмалку 631 дете, а 1.830 други се повредени.

„Дури и според мрачните стандарди во Авганистан, оваа 2019 година беше особено смртоносна за децата”, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Фор, пренесе ДПА.

Од 2009 до 2018 година загинале приближно 6.500 деца, а околу 15.000 други биле ранети како резултат на актуелниот конфликт, правејќи од Авганистан најсмртоносна воена зона во светот во 2018 година, се наведува во извештајот.

Освен од насилството децата во Авганистан страдаат и од природни непогоди, сиромаштија и неразвиеност.

Според УНИЦЕФ, 600.000 деца на возраст под пет години се сериозно неухранети. Уште 3,7 милиони деца на училишна возраст се надвор од училиште, а речиси третина од децата се занимаваат со детски труд, пренесува ДПА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com