36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Војската на САД разви технологија за „гледање“ низ sидови

Најчитани вести

Американската војска создаде паметни очила со кои војниците можат да гледаат низ ѕидови

Војниците често запаѓаат во безизлезни ситуации – особено е незгодно кога не можат да видат што има позади ѕидот, засолниште или возило, затоа што мораат да ги ризикуваат своите животи само за да ѕирнат и да откријат каде е непријателот. Соединетите држави сакаат да го променат тоа, со помош на новата технологија која ја развија.

Во прашање е технологија наречена Integrated Visual Augmentation System (IVAS), што се, всушност очила кои содржат комбинација на камери и сензори, благодарение на што тие проектираат слика за тоа што треба да има зад ѕидот или засолништето.

Војниците во оклопно возило, на пример, со овој систем нема да мора да излезат надвор за да видат што се случува, но ќе можат на нивните паметни очила да го видат „преносот“ од еден куп камери поставени на возилото на екраните – и тие камери би можеле да гледаа и позади аголите.

Кога станува збор за оружје (на пр. пушки), може да се постават термални камери кои им овозможуваат на војниците да гледаат во мрак, а очилата може да прикажат и дигитални „мапи“, што е посебно корисно кога војниците се на непозната територија.

Пентагон смета дека оваа технологија ќе го намали бројот на непотребни жртви на минимум, токму затоа што ќе ја зголеми ефикасноста на бојното поле, а планот е да се инвестираат 1,1 милијарда долари во IVAS, што првенствено ќе ги опреми пешадијата на првата линија на фронтот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести