Припадниците на копнената војска и хеликоптер Ми-17 од бугарското воздухопловство се бореа со големите пожари на Стара Планина.
Пожарникарите гаснеа пожари со помош на војската и во Националниот парк Рила , соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.
Дваесет и еден припадник на воената единица им се приклучија на пожарникарите како реакција на големиот шумски пожар на Стара Планина над градот Ципровци, близу границата со Србија. Хеликоптерот на Воените сили Ми-17, исто така, помагаше во гаснењето на пожарот од рано утрово, јавува бугарската новинска агенција БТА.