4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Воспоставен безвизен режим меѓу земјава и Украина

Најчитани вести

Државјаните на Mакедонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, од денеска ќе можат слободно да патуваат во другата држава без виза и да престојуваат во неа до 90 дена.

Од вчера стапи во сила постојаниот безвизен режим меѓу Украина и Македонија, објави денеска на Твитер државниот секретар во украинското Министерство за надворешни работи, Андриј Зајац.

„Стартот на безвизниот режим со Северна Македонија на постојана основа значи укинување на краткорочните и долгорочните (имигрантски) визи“, наведува Зајац, додавајќи дека државјаните на Северна Македонија и на Украина, кои поседуваат биометриски пасоши, ќе можат слободно да патуваат во другата држава и да престојуваат во неа до 90 дена.

Украинската Влада на 21 август го одобри Договорот со земјава за условите за укинување на визниот режим со земјава. На 18 декември двете држави потпишаа Спогодба за укинување на краткорочните и долгорочните имигрантски визи, како и за старт безвизен режим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com