27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Вонредна состојба поради невидена суша во Италија

Најчитани вести

Италијанската влада поради суша прогласи вонредна состојба во пет региони во северниот дел од земјата.

Целта на вонредната состојба е заобиколување на вообичаените административни процедури заради поедноставено преземање итни мерки, како рестрикции на водата. Во Италија со денови владеат исклучително високи температури, а во многу места со месеци нема заврнато дожд.

Посебно погодени се областите по течението на реката По, регион на кој инаку отпаѓа една третина од земјоделското производство во Италија. Таму владее најлошата суша во изминатите 70 години. На фотографијата – мост на реката По во регионот Емилиа Романа, водата е речиси целосно пресушена.

Владата одобри 36,5 илиони евра итна помош за засегнатите подрачја. Италијанскиот премиер Марио Драги размислувал и за именување специјален комесар за борба против сушата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com