17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

„Волшебната хорна“ – нов концерт со оркестарот на Филхармонија

Најчитани вести

„Волшебната хорна“ е насловен концертот на оркестарот на Филхармонија, на кој вечерва како солист на хорна ќе настапи Марк Грубер од Германија. Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за хорна и оркестар бр.1 од Рихард Штраус и Симфонијата бр.5 од Антонин Дворжак.

Роден на 24 мај, 1993 година, Марк Грубер уште од рана возраст покажува интерес кон хорната. Од 2009 до 2012 година студира хорна кај професорот Јоаким Плтл на универзитетот „Роберт Шуман“ во Дизелдорф, а од 2012 година студира кај професорот Пол ван Зелм на Универзитетот во Келн.
Диригентот Ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој ги води пробите и изведбите. Тој е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Од 2005 до 2009 година, Ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за личен придонес во културата во Јужна Русија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com