0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Волци во потрага по храна се спуштија по нивите од Малешевијата

Најчитани вести

По пожарите, сѐ почесто волци се гледаат по малешевските ниви барајќи храна и засолниште од пожарите. Димче Беќарски од село Умлена вели дека по пожарите волците се сега закана за сточарите и нивниот добиток.

„Волкот го забележав утрово додека собирав „јонџа”. Стоеше мирно, бараше правец кон кој може да се упати. Синоќа татко ми забележал уште два волка во близина на селото. По пожарите веројатно бараат како да се скријат, но поради оголените дрвја сега немаат каде“, рече Беќарски.

Според него, сега претстои опасност за добитокот поради што сточарите треба да направат сѐ за да го заштитат.

„Тоа мора да го направат, бидејќи волците се подготвени сѐ да нападнат, а со тоа и да направат голема штета“, додаде Беќарски.

За огромната штета која е нанесена на животинскиот свет како што дополни, допрва ќе сведочат вакви и слични ситуации. Она што засега исто така е доказ за големата катастрофа се и пронајдените изгорени срни на територијата на Пијанечкиот регион чии остатоци ги пронајдоа ловџии од делчевскиот регион.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com