Кајл Вокер ова лето се најде блиску до заминување од редовите на Манчестер Сити и преселба во Баерн Минхен, но сепак 33-годишникот бек кариерата ќе ја продолжи на „Етихад“ и во следните три години.
Англискиот репрезентативец откри дел од деталите поврзани со одлуката да стави потпис на нов договор, а како што вели пресудна била вечерата со шпанскиот стратег Пеп Гвардиола.
„Имам навистина многу добар однос со Пеп и ми беше мило кога ме покани на вечера. За да биде уште подобро, тој конечно ја плати сметката. Вечеравме суши и успеа да ме убеди да останам во Манчестер Сити.
Не се работеше за пари, јас заработив доволно од фудбалот. Имам 33 години и само сакав сигурен проект. Сакам да уживам на теренот, бидејќи сметам дека имам уште многу сила во овие нозе. Во мојата глава секако беше и опцијата за останување“, вели Вокер.