-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Најчитани вести

Прилеп, 18 октомври- Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на прилепското Обвинителство, несреќата се случила утринава во 5.20 часот кога воз удрил во автомобил „ауди“, во кој имало пет лица, колеги, кои патувале кон работното место.

„Утринава, во 5.20 часот, на железничкиот премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило ‘ауди’, во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги, кои заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две добиле тешки телесни повреди“, соопштија од Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање.

Од Обвинителството информираат дека по извршеното тестирање, не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото. Дејствата на Јавното обвинителство, додаваат од таму, ќе продолжат со цел да се расчисти причината што довела до железничката несреќа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com