Прилеп, 13 ноември– Возило излета од патот кај Прилеп, на самото место почина совозачот
Тој бил сопатник во возилото што излетало во канал надвор од патот, а со кое управувал М. Т. (66) од Прилеп.
Возачот добил телесни повреди и бил пренесен во болница, информираат од полицијата.
Од прилепското Обвинителство информираа дека заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп, вчера извршиле увид на патот каде што се случи сообраќајна несреќа. Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување траги и предмети, со цел да се утврдат причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.